- Љубовта кон топката продолжила и по доаѓањето во Балград, каде младиот Кузман почнал да игра фудбал во подмладокот на Белградскиот спортски клуб (БСК). Набрзо влегол во првиот тим и во првенството 1927 – 1928 година бил најдобар стрелец во лигата (шест гола од пет натпревари). Четири пати со својот тим го освојувал првенството на Југославија.
Кузман бил со низок раст и осредни физички карактеристики. Како играч на напаѓачката тројка (водач на нападот), тој најчесто играше од "втората линија", каде како добар техничар вешто ги избегнувал судирите со противниците и итро ги наоѓал најдобрите решенија. Ведрата природа на итриот Кузма се одразувала во неговата игра и спортскиот дух на теренот.
Кузман Сотировски – Чокајлија ги бранел боите на градската селекција на Белград на 19 натпревари и пет пати играл за репрезентацијата на Југославија (1928 - 1931), за која постигнал два гола. Всушност, тој е првиот Македонец кој заиграл за репрезентацијата на Кралството СХС, потоа Југославија, и првиот фудбалер од Македонија кој учествува на Олимписките игри.
- За БСК во сезоните 1927 и 1928 година Сотировиќ има одиграно 63 натпревари, постигнал 52 гола.
По еден инцидент кога бил исклучен, според пишувањето на весникот „Време“ Сотировиќ го сменил дресот, ја започнал кариерата за вториот белградски клуб Сокол, за кој настапил на 19 натпревари, постигнувајќи 5 гола.
По настапите за репрезентацијата на Југославија и БСК круна на кариерата на Сотировиќ беа настапите за сплитски Хајдук на турнејата во Јужна Америка, повикан како специјален гостин да ги засили редовите на популарните сплитски бели, еден од најдобрите југословенски клубови во тоа време чиј тренер беше познатиот Лука Калитерна.
На турнејата во Јужна Америка со најдобрите клубови од Јамајка, Чиле, Перу и Аргентина Сотировиќ во белиот дрес има одиграно 11 средби, постигнувајќи 5 гола.
Хајдук играше во состав: Чулиќ, Лукиќ, Микачиќ, Марушиќ, В.Подује, Гусина, Ш.Подује, Лемешиќ, Сотировиќ, Крагиќ, Павелиќ.
За Јужна Америка се патуваше со брод, турнејата започна на 12 јануари од пристаништето Лас Палмас во Шпанија, заврши на 8 маj 1931 година.
До крајот на својата кариера Сотировиќ има играно повторно за БСК, за Јединство од Белград, има потпишано за француски Монпелје, но мораше да паузира една година и нема одиграно ниту еден меч. Трагата му се губи 1936 година, пронајдоме податок дека починал во Париз, но по неговата желба посмртните останки му се пренесени во Белград каде се погребани на новите гробишта. Интересен е уште еден податок. Покрај неговото презиме, во весниците секогаш стоеше прекарот Чокалија.